Ана Дангова Хуг

  • Контакт информации
  • a.dangovahug@interpartes.mk
  • +389 (0)78 203 238

М-р Ана Дангова Хуг е адвокат, чија работа се фокусира, во главно, на три полиња:

– човекови права;
– кривично право и малолетничка правда и
– меѓународно (инвестиционо) право.

Г-ѓа Дангова Хуг има стекнато висока стручна квалификација во РМ, а магистратура во Женева, Швајцарија.

Пред да се приклучи кон Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, г-ѓа Дангова Хуг има стекнато меѓународно искуство поврзано со заштита на човековите права, преговарање и инвестиции, работејќи за:

– специјалната програма: „Полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор” при DCAFЦентар за безбедност, развој и владеење на правото (DCAF a Centre for security, development and the rule of law);
– Канцаларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединиетите нации (ОН);
– Економската комисија на ОН за Европа, Канцаларија на извршниот секретар, во секторот „Полова еднаквост” и
– City Private Bank, Женева, Швајцарија, на тема „Филантропски консултантски услуги и колективна општествена одговорност”.

Адвокат м-р Ана Дангова Хуг течно зборува англиски и француски јазик, стекнувајќи се со диплома од Школата за изучување на француски јазик и цивилизација при Универзитетот во Женева во 2010 година.


Активности

Г-ѓа Дангова Хуг е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и предавач на Академија за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонија. Исто така е член на Alumni мрежата при Институтот за меѓународни студии и развој (The Graduate Institute of International and Development Studies), Женева.

Од почетокот на 2013 год., Адвокат м-р Ана Дангова Хуг е соработник на ЛУЛКА Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца на начин што дава бесплатна правна помош и подготвува текстови повразни со правата и заштитата што ја уживаат бремените жени, мајки, родители и нивните деца согласно законските прописи во Република Македонија. Исто така, таа е колумнист на веб порталот Бизнис Инфо bi.mk, пишувајќи статии од областа на бизнис и човекови права.

Од 2018 год. г-ѓа Дангова Хуг е правен истражувач на Global Freedom of Expression на Универзитетот Колумбија, Њујорк, обработувајќи случаи во областа на слободата на изразување.


Образование и стручно усовршување

Г-ѓа Дангова Хуг дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во 2006 година, а три години подоцна станува магистар по Меѓународни студии, со специјализација по Меѓународно право (англиски и француски јазик) при Институтот за меѓународни студии и развој, Женева, подготвувајќи го магистерскиот труд со наслов Употреба на меѓународното право за човекови права во борба против трговија со луѓе.

Адвокат м-р Ана Дангова Хуг има посетувано повеќе курсеви, семинари и конференции со цел стручно усовршување. Така, во 2005 година, се стекнува со диплома за завршени студии (Педагогија, ниво А и Б), Школа за образование и комуникација при Универзитетот Jönkoping, Шведска, на тема „Лидерство и работа со млади”. Во 2007 година станува тренер на модел-симулации на ОН од Светскиот универзитетски сервис, Виена, Австрија, а во 2008 година е избрана да посетува работилница за делегати на Меѓународниот Црвен Крст во Биен, Швајцарија.


Публикации, научни трудови и интервјуа

Дански институт за човекови права и Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје,  Водич за човекови права и бизнис во Република Македонија, 2016 год. (на македонски, англиски и албански јазик).

Ana Dangova Hug, ‘Republic of Macedonia’ (2016), pp. 3–18, in Louis Garb, Lew Julian (Eds.), Macedonia, Enforcement of Foreign Judgements (Kluwer Law International BV, Netherlands).

DCAF, Меѓународни и регионални закони и инструменти поврзани со реформата во безбедносниот сектор и полова еднаквост, Уредници: Меган Бастик, Ана Дангова Хуг и Мугихо Текашита, Женева, 2011. (на англиски, француски, индонезиски, црногорски и арапски јазик).

Меган Бастик и Даниел де Торес, „Примена на Резолуциите за жени, мир и безбедност во реформата во безбедносниот сектор.Прирачник за полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор. Уредници: Маган Бастик и Кристин Валасек. Женева: DCAF, OSCE/ODIHR, UN-INSTRAW, 2010. (на англиски, француски, шпански, црногорски и арапски јазик).

„Концептот на забрана на дискриминација”, Care International Skopje, 2004: 14-18; 74-5.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK