Арсенија Дејаноска Сарагинова

  • Контакт информации
  • arsenija@interpartes.mk
  • +389 (0)78 330 248

М-р Арсенија Дејаноска Сарагинова е адвокат чија работа главно се фокусира на стопанското право, граѓанското право, работните односи, вонпроцесно право, административни процедури согласно потребите на клиентите не запоставувајќи ги и другите аспекти од правните области.

Во Aдвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, носи работно искуство од различни области. Така, во 2002 година, работи како правник во Заводот за статистика, во државна архива, а 2007 година го продолжува своето усовршување како адвокатски приправник во Адвокатска канцеларија Тасевски. Следната година се вработува како правник во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, во Директоратот за дијаспора. Во 2010 година, ангажирана е во специјализираниот тренинг центар Triple S Learning, каде работи со голем број на компании организирајќи и одржувајќи разни обуки, трибини, семинари и конференции на разни теми.

Во 2011 година се приклучува кон Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје и продолжува да ги врши своите обврски како адвокат.

Од странските јазици има познавање на англиски јазик.

Активности

Адвокат м-р Арсенија Дејаноска Сарагинова е член на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Здружението на правници на Република Северна Македонија.

Образование и стручно усовршување
Во поглед на образованието, своето средно образование го има завршено во ДСЕПУ „Васил Антевски Дрен“ (отсек правни студии), a потоа го продолжува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, каде се стекнува со титулата дипломиран правник. Покрај афинитетите за правото, водена од желбата подлабоко да го осознае начинот на правилниот пристап и комуникацијата со клиентите, се запишува на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек – Менаџмент на човечки ресурси каде се стекнува со титулата магистер по менаџмент на човечки ресурси, а потоа положува и правосуден испит.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK