Ветон Палоши

  • Контакт информации
  • vetonpalloshi@yahoo.com
  • +389 (0)70 383 637

Г-дин Ветон Палоши работи како адвокат во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје од 2018 година. Негови главни области на делување се граѓански спорови, стопански спорови, кривично право и правото на животна средина . Професионалното искуство на г-дин Палоши започнува во април 2008 година, во секторот за ЕУ во Министерство за животна средина и просторно планирање каде што учествувал во изготвување на сите закони и подзаконски акти од областа на животната средина, од 2015 година работи во приватен сектор како Национален правен експерт во областа на животната средина во разни проекти финансирани од ИПА програмата.
Од странските јазици го познава англискиот јазик и умерено турскиот јазик.

Образование и стручно усовршување
Г-дин Палоши дипломирал во 2007 година на Правниот факултет на „Универзитетот Југоисточна Европа “ во Тетово. Покрај правосудниот испит кој го има положено во 2013 , го има положено и испитот за државни службеници. Учествувал на разни обуки и специализации од областа на животната средина во Холандија, Јапонија, Кина, Шведска и други држави каде што имал свои излагања како и ги усовршувал знаењата од областа на правото на животна средина.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK