Граѓанско право

Од водење на граѓански постапки каде се бранат граѓанските слободи и права, до нудење на правна помош при склучување и примена на договори на физички и правни лица, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје брои адвокати со многугодишно искуство во граѓанско-правната материја. Без разлика дали станува збор за составување на договори за големи компании поврзани со производство на стоки и услуги или пак давање на правни совети на физички лица за постапки кои се преземаат при оставинска постапка, тимот адвокати секогаш непристрасно и професионално дава правна помош, добро анализирајќи го случајот пред себе и сфаќајќи ги потребите и целите на клиентите.

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има успешно работно искуство во нудење на правна помош:

  • при водење на парнични, вонпарични, оставински и управни постапки пред надлежни државни органи;
  • при застапување на клиенти во постапки на извршување;
  • во преземање на различни процесни дејствија повразни со правото на сопственост и други стварни права, авторско право и други стварни права;
  • во преземање на различни процесни дејствија поврзани со облигационите односи (договори, надомест на материјална и нематеријална штета, хартии од вредност и др.);
  • во застапување на клиенти во постапки за медијација.
error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK