Ивана Џеповска

  • Контакт информации
  • ivana@interpartes.mk
  • + 389 (0)75 362-322

Г-ѓа Ивана Џеповска работи како Адвокат во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје од 2018 година. Нејзиниот придонес во работа главно е насочен во граѓанските спорови, споровите за трговски и работни односи. Г-ѓа Џеповска своето работно искуство во Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје го започна како адвокатски стручен соработник во 2015 година.

Пред да се приклучи во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, најголем дел од своето искуство го стекна како приправник во Апелациониот суд во Скопје, каде што нејзината работа беше посветена на граѓанското право и работните односи. Дел од работното искуство го стекна работејќи во реномирана македонска компанија за развој на софтвер, каде што беше дел од Одделот за управување со човечки ресурси и администрација.

Образование и стручно усовршување
Г-ѓа Џеповска дипломирала на Правниот факултет Јустинијан I во 2008 година. По две години работа во Апелациониот суд во Скопје, таа во 2014 година успешно го положи правосудниот испит, додека во 2018 година го положи адвокатскиот испит.
Во 2017 година учествува на советување за работни односи, водено од д-р Зоран Михајловски, поранешен судија во Апелациониот суд Скопје и Г-дин Стојан Трајанов, долгогодишниот советник за труд.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK