Изјава за доверливост на податоците

Оваа Изјава за доверливост на податоците прикажува како Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје ги собира, користи и заштитува информациите што Вие ги доставувате до Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје кога ја користите оваа веб-страница и каква контрола Вие имате врз користењето на тие податоци.


 

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, се залага за заштита на Вашата приватност кога ги користите нашите услуги (дали преку веб-страницата, преку телефон или друг начин на комуникација). Ако сте замолени да доставите одредена информација врз основа на која може да се идентификувате кога ја користите оваа веб-страница, тогаш би сакале да нагласиме дека таа информација ќе биде искористена во согласност со оваа Изјава за доверливост на податоците.

Ако доставувате информации за трето лице, тогаш претпоставуваме дека сте ја побарале неговата согласност за да информациите бидат користени на истиот начин.

Ако имате прашање во однос на оваа Изјава, Ве молиме контактирајте нè.


 

Ваша согласност за овие термини за заштита на приватноста

Со користење на веб-страницата на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, се согласувате околу начинот на кој се собираат и користат Вашите лични податоци; начинот е прикажан подолу.

 

Што ние собираме?

Ако сакате да поставите коментар или прашање до нас преку пополнување на формулар од нашата веб-странница, ние може да ги собираме следниве информации:

  • контакт информации, вклучувајќи е-мејл адреси и телефонски броеви;
  • демографски податоци и
  • други информации релевантни за Вашето прашање или коментар.


Како ги користиме информациите кои ги користиме?

  • Да ни помогнат да се заштитиме од измама;
  • За составување на интерна база на податоци и
  • За да ја подобриме веб-страницата.

 

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје нема да ги доставува или дистрибуира Вашите лични информации на трети страни, освен ако имаме експлицитна дозвола од Вас. Исто така, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје може да ги открие Вашите лични податоци, ако на тоа е обврзано со закон или ако сметаме дека тоа е потребно за заштита и бранење на правата, сопственоста и личната безбедност и углед на името на нашето адвокатско друштво или неговата веб-страница.


Безбедност

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје се залага Вашите информации да се безбедни. Со цел да спречиме неовластен пристап или обелоденување на информации имаме поставено соодветни физички, електронски и менаџерски мерки со цел да ги заштитиме и обезбедиме информациите кои ги собираме преку веб-страницата.

Cookies

Cookie (или колаче) е мала датотека што бара Ваша дозвола за да се постави на Вашиот хард-драјв, со цел да прибира и некогаш следи информации за Вас. Поголемиот дел на пребарувачи автоматски ги прифаќаат сookies. Доколку ги одбиете овие сookies може да бидете ограничени во обемот на пристап што го имате кон нашата веб-страница и можеби тоа за Вас нема да биде корисно. Иако сookies може да го идентификуваат корисникот на компјутерот, тие немаат пристап до лозинки, ниту пак можат лично да го идентификуваат корисникот на сервисот.

Користењето на сookies од наша страна ни овозможува од Вас да ги собереме Вашите не-лични идентификациски информации, како што се информациите за тоа кои страници сте ги посетиле и на кои линкови сте кликнале. Употребата на овие информации ни помага да увидиме кои содржини се најмногу посетувани и идентификуваме начини со кои што можеме да го подобриме квалитетот на веб-страницата. Оваа Изјава за доверливост на податоците пропишува употреба на сookies само од страна на нашата веб-страница.

 

Врски кон други веб-страници

Нашата веб-страница може да содржи врски кон други веб-страници, релевантни за правото. Сепак, штом сте ги искористиле овие врски за да ја напуштите нашата веб-страница, треба да знаете дека ние немаме никаква контрола врз другите релевантни веб-страници. Според тоа, Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје не може да биде одговорно за заштитата и приватноста на било која информација која Вие ја доставувате додека ги посетувате тие веб-страници и тие веб-страници не подлежат на оваа Изјава. Ве советуваме да бидете претпазливи и да ги прочитате Изјавите за доверливост на податоци применливи за тие веб-страници.

 

Контрола врз Вашите лични податоци

Ако сметате дека Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје поседува информација за Вас што не е точна или не е целосна, Ве молиме контактирајте нè веднаш штом ќе можете. Ние во најкус можен рок ќе ја корегираме секоја информација што не е точна или надополниме нецелосната информација за Вас.

 

Оваа Изјава за доверливост на податоците може да се менува. Поради тоа, Ве молиме  од време на време да ја консултирате оваа Изјава со цел да видите дали има некои измени.

 

Со почит,

Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје.

 

 

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK