Катерина Дангова

  • Контакт информации
  • katerina@interpartes.mk
  • +389 (0)78 291 187

М-р Катерина Дангова е дел од Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје од Јануари 2014 година. Својата кариера во областа на правото ја започнува како правник, а во текот на секојдневното работење се стекнува со искуства и знаења од повеќе гранки на правото. Со тоа дополнително се стекува со услов за полагање на правосуден испит, при што истиот го положи во Мај 2017 година.

Моментално работи како адвокатски стручен соработник , а наскоро планира да се здобие со лиценца за работа како адвокат.

Дипломираше во 2009 година на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, отсек Правни студии.

Во Декември 2013 година магистрира на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје при што се здоби со титула Магистер по финансии и финансово право.

Области на работа: граѓанско право, наследно право, семејно право, трудово право, и облигационо право.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK