Кодекс на однесување

Уште со чинот на станување на адвокати, адвокатски стручни соработници и адвокатски приправници, тимот вработени во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, се согласија на почитување на законите, меѓународните правни норми, Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, Кодексот за професионална етика на адвокатите, на адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници на АКРМ. Како надополнување на овие правни норми и принципи, доброволно решивме да создадеме Кодекс на однесување на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатски приправници во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје. Овој Кодекс содржи дополнителни обврски и правила на однесување во правната професија кои ние ги прифаќаме со цел:

  • Да нудиме правна помош на клиентите на стручен и професионален начин;
  • Да создадеме професионална и колегијална атмосфера за работа во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје и
  • Да изградиме етички кодекс на однесување на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје кон другите државни органи, организации и институции и меѓународната заедница воопшто.

Доколку сакате да добиете повеќе информации за овој Кодекс, слободно контактирајте нè.
Ви благодариме за интересот.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK