Кривично право

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има долгогодишно искуство во застапување на обвнитени и осудени лица пред домашните судови. Освен тоа, тимот кривичари е стручен да постапува во случаи поврзани со штета, рехабилитација и други права на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода. При нудењето на оваа правна помош, секогаш се трудиме клиентите да бидат запознаени со релевантното право, кривичниот процес и постапките кои им стојат на располагање. Согласно Законот за кривичната постапка, пред адвокатите на Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје се отвара предизвик да проценат со кој вид на постапка може да се даде најуспешна одбрана на нивните клиенти, имајќи ги предвид предметното кривично дело и степенот на кривична одговорност.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK