Право на интелектуална сопственост

Адвокатското друштво е застапник пред Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија, и нуди застапување пред овој државен орган на домашни и странски правни и физички лица за остварување и заштита на правата од индустриска сопственост.

Исто така нудиме правна помош на нашите клиенти во полето на заштита на авторски и други сродни права, како и на други понови права на интелектуална сопственост како на пример деловни тајни.

Во областа на интелектуална сопственост, Адвокатското друштво соработува со CEED Macedonia и со странски застапници на индустриска сопственост, а се со цел запознавање на малите и средни претпријатија со оваа област, како и заштита на нивните права пред домашни и меѓународни форуми.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK