Трговско право

Тимот на адвокати во Aдвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, кои работат во областа на трговското право, секојдневно се соочуваат со предизвикот при нудење на правна помош да бидат информирани со најновите правни текови од оваа област, со цел најсоодветно да одговорат на потребите на нивните клиенти. Поради тоа, тимот брои адвокати со специјализација во меѓународно право, што е нераскинливо поврзано со домашното трговско право, како: меѓународно инвестиционо право, меѓународно трговско право, меѓунароно приватно право и т.н.

Поседуваме успешно искуство во:

  • регистрација на фирми, здруженија на граѓани, невладини организации, домашни и странски;
  • преземање на разни процесни дејствија во согласност со Законот за трговски друштва;
  • водење на стечајни постапки;
  • застапување во постапки за заштита на права на индустриска сопственост;
  • нудење на правна помош при водење на преговори со правни лица инвеститори во РМ и др.
error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK