Човекови права

Правото за правата на човекот е гранка на меѓународното право, кое има за цел да ја осигура заштитата и промоцијата на човековите право на домашно, регионално и меѓународно ниво. Како форма на меѓународното право, правото за правата на човекот воглавно се состои од меѓудржавни договори и конвенции, со цел правно да ги обврзе страните потписнички на нормите содржани во договорите и конвенциите.

Согласно Уставот на Република Северна Македонија, меѓународните договори коишто државата ги има ратификувано, стануваат дел од внатрешниот правен поредок. Исто така, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признаени со меѓународното право и утврдени со Уставот, се издигнати на ранг на темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, а во конкретните случаи непосредно ги применуваат и конечните и извршните одлуки на меѓународните судови, чијашто надлежност ја признава Република Северна Македонија; ако одлуката е подобна за извршување.

Имајќи ја во предвид оваа тесна поврзаност на домашното и меѓународното право, адвокатите во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, успешно ги застапуваат пред домашни судови и меѓународни форуми своите клиенти кои тврдат дека нивните права и слободи се повредени со одлуки, дејствија и пропусти на државните органи и други правни и физички лица. Оваа правна помош ја даваат во повеќе области, како што се: постапување по барања за пристап до информации; постапување по наводи за повреда на права на лица лишени од слобода; превземање на правни дејствија за заштита на човековите права пред регионални и меѓународни форуми и друго.

За да добиете повеќе информации за релевантните области, Ве молиме користете ги соодветните линкови од десната страна на екранот.

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK