Љупка Пејковска Мирчевска

  • Контакт информации
  • ljupka.interpartes@gmail.com
  • +389 (0)78 220 430

Г-ѓа Љупка Пејковска Мирчевска работи како Адвокат во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје од 2013 година. Нејзини главни области на делување се граѓански спорови, стопански спорови, работни односи, прашања од вонпроцесното право и административни процедури поврзани со недвижности, денационализација и приватизација. Професионалното искуство на г-ѓа Пејковска Мирчевска започнува во април 2005 година, како адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија на Адвокат Тони Атанасоски, каде по двегодишна обука го положува правосудниот испит и продолжува да работи како адвокатски стручен соработник.

Умерено го познава англискиот јазик.

Образование и стручно усовршување

Г-ѓа Пејковска Миречевска дипломирала во 2004 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај адвокатскиот испит, го има положено и испитот за државни службеници-општ дел. Во 2011 година учествува на едукацијата „Тренинг на тренери“ за антимобинг, организиран од страна на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг, водена од прим. м-р Елвира Коиќ, д-р мед. специјалист психијатар од Загреб и д-р Сњежана Василевиќ. 

error: Интер Партес | Сите права задржани
mk_MK
en_GB mk_MK