Еремиа и други против Република Молдавија

Еремиа и други против Република Молдавија

Во денешната неконечна пресуда во случајот Eremia and Others v. the Republic of Moldova (application no. 3564/11) Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека направена е повреда на член 3 (забрана за нечовечко и деградирачко постапување) од Европската конвенција за човекови права во однос на Ms Lilia Eremia (г-ѓа Лилиа Еремиа), повреда на член 8 (право на почитување на приватен и семеен живот) во однос на нејзините две ќерки, и повреда на член 14 (забрана за дискриминација) применети заедно со член 3 од Европската конвенција во однос на г-ѓа Лилиа Еремиа.

Случајот се однесува на жалбата на апликантките дека властите на Молдова не успеале да ги заштитат од насилнично однесување на нејзиниот сопруг и нивниот татко, полицаец. Судот одлучи дека и покрај знаењето за насилството, властите не превземале ефективни мерки против сопругот на г-ѓа Лилиа Еремиа и не успеале да ја заштитат од понатамошно семејно насилство. Судот исто така одлучи дека и покрај трајните психолошки ефекти врз ќерките поради сведоштвото кога нивниот татко вршел насилство врз нивната мајка во семејниот дом, мала или никаква активност не била превземена од властите за да се спречи повторувањето на таквото однесување на таткото. На крај, Судот одлучи дека однесувањето на властите допринесувало за поттиклнување на насилство и бил дискриминаторен кон г-ѓа Лилиа Еремиа, како жена.