Казна досудена на новинар за повреда на тајноста на кривичната истрага била основана Bédat v. Switzerland (жалба бр. 56925/08)

Казна досудена на новинар за повреда на тајноста на кривичната истрага била основана Bédat v. Switzerland (жалба бр. 56925/08)

Во пресудата на Големиот судски совет во случајот Bédat v. Switzerland (Жалба бр. 56925/08) Европскиот суд за човекови права со мнозинство гласови одлучи дека немало повреда на член 10 (слобода на изразување) од Европската конвенција за човекови права.

Случајот се однесува на казнувањето на новинар поради објавување документи опфатени како доверливи информации во кривична постапка. Судот утврди дека особено објавувањето на статијата во време кога истрагата сеуште била во тек, претставувала ризик да влијае на водењето на постапката која сама по себе оправдала донесување на мерки на заплашување од страна на домашните власи, како што е забрана за откривање на доверливи информации.

Прифаќајки дека обвинетиот би можел да се сврти  кон граѓанско-правни средства за да се пожали на мешање во неговиот приватен живот, сепак судот, сметаше дека постоењето на лекови во домашното право на кои обвинетиот има право, не ја иззема државата од својата позитивна обврска за заштита на приватниот живот на сите лица обвинети во кривична постапка. Конечно, Судот утврди дека казната изречена на новинарот за нарушување на тајноста, насочена кон заштита на правилното функционирање на правдата и правата на обвинетиот на правично судење и почитување на неговиот приватен живот, не е мешање во остварувањето на неговото право на слобода на изразување.