Хорват и Кис против Унгарија

Хорват и Кис против Унгарија

Во случајот Horváth and Kiss v. Hungary (application no. 11146/11), Европскиот суд за човекови права, во сеуште не конечна одлука, едногласно пресуди дека направена е поврда на член 2 од Протокол 1 (право на образование) кон Европската Конвенција за човекови права, анализиран заедно со член 14 (забрана на дискриминација) од Конвенцијата. Случајот се однесува на жалби од две млади момчиња со Ромско потекло дека погрешно биле сместени во школи за лица со ментален хендикеп  и дека нивното образование таму резултирало со дискриминација кон нив.

Судот потенцираше дека постои долга историја на погрешно сместување на Ромски деца во специјални училишта во Унгарија. Судот најде дека сместувањето на апликантите во такво школо покажува дека властите пропуштиле да ги земат во предвид посебните потреби на Ромите како членови на подредена група. Како резултат на тоа, апликантите биле изолирани и примиле образование на начин што се отежнала од поголем размер нивната интеграција во општеството.