Алатка за (детското) право на здравје и бизнисот

Алатка за (детското) право на здравје и бизнисот

Драго ни е да ве известиме дека денес ја објавуваме македонската верзија на публикацијата насловена како Алатка за (детското) право на здравје и бизнисот -Разјаснување на стандардот due diligence за човекови права.

Оваа Алатка содржи насоки за компаниите кои ќе им помогнат подобро да разберат што значи да се работи во согласност со Водечките принципи за бизнис и човекови права на Обединeтите нации и Правата на децата и Бизнис принципите. Навлегувајќи подлабоко во темата, ние го избравме правото на здравје на возрасни и деца како камен-темелник на анализата, бидејќи тоа е едно од најважните човекови права за повеќето компании, особено сега во контекст на појавата на заразата со КОВИД-19.

Автор на оваа алатка е Ана Дангова Хуг, адвокат во Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје која го води одделот за Бизнис и Човекови Права. Исто така, 6 деца учествуваа во дизајнот на оваа Алатка на начин што ги искажаа своите размислувања преку цртежи за тоа што за нив преставува правото за здравје.

И покрај тоа што е подготвена од страна на локална адвокатска фирма, оваа Алатка е наменета за сите компании, без оглед каде работат, граѓанското општество и доколку е потребно, и за владите.

Алатката за (детското) право на здравје и бизнисот може да се употребува од компаниите кога:

  • Развиваат политики и процедури на компанијата поврзани со прашањата за човековите права, со посебен фокус на правото на здравје.
  • Ги проценуваат и следат потенцијалните влијанија врз човековите права на активности на компанијата или на добавувачите, деловните партнери и инвестициите.
  • Ја подигаат свеста кај вработенитете, добавувачите и другите деловни партнери,за правото на здравје на возрасните и децата.
  • Ангажираат работници, деца, потенцијално засегнати заедници, потрошувачи, корисници и други заинтересирани страни чии човекови права можат да бидат погодени од работењето на компанијата.
  • Ангажираат релевантни засегнати страни (граѓански здруженија, владини тела, меѓународни организации) за прашања поврзани со човековите права.
  • Спроведуваat due diligence по човекови прва за време на здравствена криза, како на пример во време на пандемијата на КОВИД-19.

Алатката за (детското) право на здравје и бизнисот може да се употребува од граѓанските здруженија кога:

  • Спроведуваат истражување по човекови права и мониторинг поврзан со деловните операции.
  • Обезбедуваат градење на капацитети за владите, компаниите и останати граѓанските здруженија за човекови права и бизнисот.
  • Работат со локално засегнатите страни при давање на препораки на бизнисот и владите.
  • Го олеснуваат дијалогот и ангажманот помеѓу државните агенции и бизнисите.

Алатката за (детското) право на здравје и бизнисот може да се употребува од владите кога:

  • Ги разгледуваат и реформираат јавните политики и законодавството релевантно за влијанието на бизнисот врз човековите права, вклучително и во областа на здравјето.
  • Обезбедуваат почитување на човековите права, вклучително и правото на здравје, во сопствените деловни работи.
  • Градат свесност и капацитет за правото на здравје на децата и бизнисот.
  • Даваат совети на домашните компании.
  • Информираат за развојот на трговската политика, трговијата и инвестициските договори .
  • Го подобруваат ефикасниот пристап до судски и несудски правни лекови за жртви чии човекови права се повредени од компаниите.

Заинтересираните страни може да одлучат да ја користат целата Алатка или да се фокусираат на одредени делови од Алатката во зависност од нивните потреби. Алатката ќе се ажурира, затоа ги покануваме заинтересираните страни редовно да ја консултираат веб-страницата на адвокатското друштво.

Може да пристапите кон целосната верзија на Алатката на македонски јазик тука.

Кратко резиме од 2 страни на македонски јазик од Алатката е изготвено за компаниите, граѓанските здруженија и владите.

Кон англиската верзија од алатката можете да пристапите тука.

Кратко резиме од 2 страни на англиски јазик од Алатката е изготвено за компаниите, граѓанските здруженија и владите.

Контакт: Ве молиме пратете ги сите коментари, прашања и сугестии на Ана Дангова Хуг: a.dangovahug@interpartes.mk