ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА РАБОТНО МЕСТО- ПРАВНИК ЗА БИЗНИС И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА РАБОТНО МЕСТО- ПРАВНИК ЗА БИЗНИС И ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Адвокатското друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје има потреба од правник кој би работел во одделот за Business and human rights во адвокатското друштво.

Карактеристики кои ги бараме од успешниот кандидат:

  • Минимум магистратура на Правен факултет во Република Северна Македонија или странство;
  • Одлично познавање на англиски јазик, со поседување на меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик;
  • Познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
  • Престој или студирање во странство се смета за предност;
  • Работно искуство во областа бизнис и човекови права, или желба да се специјализира во оваа област;
  • Упорнна, креативна, комуникативна и флексибилна личност.

Спецификации на работно место:

  • Истражување на тема бизнис и човекови права за потребите на адвокатското друштво и клиенти користејќи различни алатки-desk research, истражување со разговори со партнери и невладини организации;
  • Ажурирање на дата база на публикации и литература во областа бизнис и човекови права;
  • Контактирање со други компании кои работат на оваа тема заради воспоставување на соработка
  • Истражување на најнови текови во областа на Бизнис и човекови права
  • Работа на месечник по Бизнис и човекови права, и на други публикации
  • Преведување на текстови од англиски на македонски и обратно за работодавечот
  • Средување и ажурирање на речник на тема бизнис и човекови права и обратно
  • Правање на резиме од текстови на англиски јазик и нивно преведување на македонски јазик и обратно
  • Асистенција во нудење на правна помош на клиенти при процес на усвојување на политика по човекови права; правење на due diligence, усвојување на ќалбени механизми и сл.

Правникот ќе биде претходно обучен од страна на работодавачот, а потоа ќе работи под надзор на Адвокат Ана Дангова Хуг.

Правникот би работел со скратено работно време од 20 часа неделно, со можност да работното време се зголемува. Работното место ќе му дозволи на вработениот/та да се усовршува, при што во зависност од квалификациите и работното искуство на кандидатот/ката можно е истиот/истата понатаму да се вработи како адвокатски стручен соработник или адвокат.

Се замолуваат заинтересираните кандидати/ки да испратат свое CV и мотивационо писмо на емејл адреса: a.dangovahug@interpartes.mk најдоцна до 12.00 часот на 01.03.2020 год.

Ќе се направи потесен избор на кандидати, кои ќе бидат контактирани за да спроведат краток тест во насока на проверка на истражувачки способности на кандидатот. Потоа кандидатите кои успешно го поминале тестот, ќе бидат повикани на интервју.

Однапред им благодариме на оние кои ќе аплицираат за работното место.

Law firm INTER PARTES Skopje